На Факултетот ДОБА избраа најдобар магистерски труд

Со цел студентите да се мотивираат за што поквалитетни стручни и истражувачки активности, ориентирани кон иновативност и барање конкретни иновативни решенија, на Факултетот ДОБА шеста година по ред бираме најдобар магистерски труд.

Годинава во потесниот избор влегоа 9 магистерски труда. Тричлената комисија (проф. д-р Борис Цизељ, доц. д-р Томаж Клобучар и доц. д-р Бранко Шкафар) го избра најдобриот од нив.

Наградата за најдобар магистерски труд со потенцијал за иновација во 2018 година ја доделивме на свеченото доделување дипломи, и неа ја доби магистер Кармен Јуван Поплас, која магистрираше на студиската програма Маркетинг и продажба, со магистерскиот труд со наслов: Флуктуација на кадри во угостителската дејност: аспекти на организациската култура и клима, под менторство на вонредниот проф. д-р Андреј Распор и во коменторство со м-р Метка Нежич.

Магистерскиот труд ја обработува улогата на организациската култура и клима при флуктуација на вработените во угостителскиот сектор во Словенија. Според јавно достапните извори, станува збор за прв истражувачки труд, кој ја поврзува организациската култура, климата и флуктуацијата на вработените во угостителскиот сектор во Република Словенија.

Во магистерскиот труд авторката го обелодени проблемот на флуктуација на вработените во угостителскиот сектор, и провери како контекстот (Словенија) влијае врз теориски поддржаните врски меѓу флуктуацијата на вработените и културата и климата на работните организации во угостителскиот сектор. Дава многу предлози за подигнување на организациската култура и на климата во угостителските фирми.

Интернет-врска: fakulteta.doba.si