На Факултетот DOBA се одржа виртуелна летна школа

Во јуни 2019 година на Факултетот DOBA се одржа единаесетата виртуелна летна школа. Во неа земаа учество 151 лице од 40 земји во светот, меѓу другите имаше учесници и од Португалија, Русија, Мозамбик, Обединетите Арапски Емирати, Бразил.

Во текот на 10 дневната работа на Школата нејзините учесници во рамките на предметот Creative Cross Cultural Communication („Креативна меѓукултурна комуникација“) во формат на онлајн лекции и семинари подетално се запознаа со меѓукултурната комуникација, исполнија интересни колективни задачи и се стекнаа со важно меѓународно искуство.

Извор: fakulteta.doba.si