На Факултетот DOBA во тек е приемот на пријави за учество во програмата Erasmus

Факултетот DOBA учествува во програмата Erasmus, што им овозможува на студентите да учат и да посетуваат практика во странство. Според условите на програмата, студентите можат да учат по програмата за рамена само во таа високообразовна установа со која што Факултетот DOBA има потпишано договор. Студентите ја избираат компанијата, во која што би сакале да се довива практиката, а исто така и земјата и времето на посетување на практиката.

Студентите можат да посетуваат практика само во земјите членки на Европската унија, а исто така и во Република Северна Македонија, Србија, Турција, Исланд, Лихтенштајн и Норвешка. Во зависност од земјата на живеење, стипендијата изнесува од 420 до 520 евра на месец. Надоместокот за стажирање изнесува 100 евра месечно.

За студирање според програмата за размена стипендијата изнесува од 370 до 520 евра на месец во зависност од земјата на студирање.

Рокот за поднесување на пријави е до 30-ти ноември 2019 година.

Услови за учество и пријави за Факултетот DOBA можете да најдете на веб страната, а условите за учество и пријави за колеџот за стручно образование на следниот линк. За повеќе информации напишете на следната електронска адреса: nina.turcin@doba.si (Нина Турчин, координатор за Erasmus).

Да додадеме дека програмата за мобилност Erasmus преставува уникатно меѓународно искуство кое што ги зголемува знаењата и компетенциите на сите учесници и им го отвора светот на студентите. Програмата Erasmus за професори и вработени на високообразовните институции им овозможува да се стекнат со професионално искуство и да се внесат напредните продукти во своите работни процеси.

Извор: doba.si