На факултетот по економија при универзитетот од Љубљана се одржа „Информациски ден“

Во сабота, на 15-ти февруари 2020 година, факултетот по економија при универзитетот од Љубљана за апсолвентите го организираше традиционалниот „Информациски ден“. Презентацијата на студиските програми се одржа во Големата сала, каде што идните студенти добија детална информација, поврзана со текот на студискиот процес на факултетот, а исто така со големиот и квалитетниот асортиман на воннаставни настани. Во рамките на „Информацискиот ден“ на гостите им се обратија професорите, студентите и вработените, коишто им раскажаа за процесот на студирање, предностите од студирањето, спецификите на уписната кампања и други полезни информации од животот на факултетот.

Професор доктор Тјаша Редек го посвети предавањето на актуелна тема Денот на Свети Валентин и со помош на интерактивен приод демонстрираше, како влијанието од овој празник се рефлектира на развојот на целата економија. Врз основа на статистичките податоци таа презентираше, дека ако според резултатите од 2019 година Република Словенија остварила 56,6 милиарди долари БДП, тогаш американците само на Денот на Свети Валентин трошат 48 проценти од оваа сума. Вкупните расходи во Соединетите Американски Држави за Денот на Свети Валентин достигнуваат до 27,4 милијарди долари.

Заменикот декан професор доктор Марко Пахор им појасни на гостите, што значи да се биде економист, и потенцираше, дека знаењата, со коишто студентите ќе се стекнат на факултетот, се многу квалитетни и применливи во широк спектар на области на економијата. Конкретно, економскиот факултет при Универзитетот од Љубљана има три престижни акредитации (AMBA, AACSB и EQUIS), што го прави него еден од најдобрите факултети од оваа бранша во регионот и, нешто што е исто така многу важно е тоа што е водечки во светот. Помеѓу останатото, Марко Пахор потенцираше, дека факултетот се стреми кон социјална одговорност, современи тенденции и методи на предавања в сферата на образованието.

Идните студенти исто така имаа можност да го слушнат излагањето на претседателот на Студентскиот совет на економскиот факултет при универзитетот од Љубљана Александар Миличевич. Тој ја напомена важноста од меѓународна соработка и раскажа за различните настани, коишто во текот на академската година ги организираат многуте локални организации. Потоа се одржа беседа со двајца студенти и презентација на вработената од факултетот Матеја Шкуљ, којашто на завршетокот на „Информацискиот ден“ ги презентираше техничките нијанси за запишување на факултетот и новостите со коишто идните студенти се судираат на почетокот на студиите.

Извор: efnet.si