На факултетот по економија при универзитетот во Љубљана се одржа визитинг предавање на вработена од компанијата Dewesoft

Во среда, 6 март 2019 година, на факултетот по економија при универзитетот во  Љубљана во рамките на предметот «Управување со продажба и бизнес-маркетинг» (предавањето е наменето за студентите од  магистерската програма; предавач – проф. др. Барбара Чатер) во улога на поканет предавач настапи Елина Комланц од компанијата Dewesoft.

На почетокот на своето предавање гостинката им ја претстави на студентите дејноста на компанијата, која што се занимава со производство на мерни апарати и програмско обезбедување за одржување на прецизни технички  мерења во автомобилската, авиационата, транспортната, електротекничката и други гранки. Понатаму претставникот на Dewesoft им раскажа на студентите, како со помош на комплексни решенија компанијата ги задоволнува потребите на клиентите во различни сегменти и формира предложена вредност за клиентот.

Кон крајот на предавањето Елина Комланц ги претстави маркетиншките задачи на компанијата, за која што студентите ќе бараат решенија во процесот на работата на проектите во рамките на предметот.

Извор: efnet.si