На факултетот по економија при универзитетот во Љубљана се одржаа визитинг предавања по предметот „Менаџмент на трговските брендови“

Во рамките на предметот „Менаџмент на трговски брендови“ (предавачот – професор доктор Маја Конечник Рузиер) на факултетот по економија при универзитетот во Љубљана одржа визитиг предавања.

Од бренд менаџерот на компанијата Skaza Барбара Ковач, студентите дознаа за дејноста на компанијата во правец на создавање на сопствен бренд. Големо внимание беше посветено на дигиталниот пристап и важноста на комуникацијата при продажба на изработки од пластика. Затоа фокусот е ставен на екологијата која што има големо значење за компанијата, која по пат на изнаоѓање и производство на иновациски изработки од еколошки чисти материјали создава конкурентен производ на конкурентниот пазар.

Исто така на факултетот се одржа предавање на Јуриј Журиј, Ернеј Јанежич и Симона Жалца, кои што ја преставуваа компанијата Atlantic Grupa. Во текот на динамичната и впечатлива презентација беа опишани маркетиншките начини за создавањето на брендовите Cockta, Donat и Argeta. На презентацијата исто така се потенцираше важноста на он лајн приодите и содржината на маркетингот при унапредување на трговските брендови во услови на голема конкуренција.

Извор: efnet.si