На Факултетот за електротехника, компјутерки науки и информатика (FERI) успешно тече онлајн наставата

Факултетот во педагошкиот процес, со помош и поддршка на Компјутерскиот центар на Универзитетот во Марибор (RCUM) и ректоратот на Универзитетот во Марибор, веќе редовно употребувал онлајн алатки за настава. Во овие променети околности на онлајн предавањата и вежбите, во живо ги поврзале студентите, професорите и асистентите. Многумина обвестуваат дека учеството на предавањата и вежбите е исклучително добро.

FERI  веќе неколку години употребува веб алатки каде што студентите ги оддаваат своите задачи, добиваат поправки и мислење на професорите и асистентите, добиваат обвестувања за промените и новостите кај предметите.

Реакциите на нашите вработени и студентите се многу добри бидејќи студискиот процес потекува речиси непречено. Интересно е тоа што професорите и асистентите често велат дека учествата на онлајн предавањата и вежбите се многу добри, дури подобри и од тие во живо,“  објаснува деканот на факултетот проф. Горазд Штумбергер. На Универзитетот во Марибор предавањата течат непречено во сите факултети-членки.

Факултетот со брзата набавка на одредена потребна опрема за работа од дома, како на пример: графички таблички, кои ја надоместуваат класичната табла во училницата, на вработените им овозможува, својата работа да ја извршуваат непречено. Професорите и асистентите на FERI, кои деновиве предавват онлајн, се согласни: „Учеството на предавањата и вежбите е исклучително добро. Се трудиме на студентите да не ги лишиме од знаењето и вештините кои инаку би ги добиле за време на студиите во живо.“ И реакциите на студентите кои соработуваат на предавањата и вежбите се многу добри. Во врска со тоа вработените на FERI  истакнуваат дека на факултетот е присутна исклучителна колегијалност меѓу вработените, бидејќи потенцијалните проблеми и препреки ги решаваат ажурно и на тој начин со заеднички сили се грижат за непречен тек на студиите.

Еден од стручните области на факултетот и неговите студиски области се токму споменатите решенија кои денес, во променетите околности, го омозможуваат работењето на општеството. Така на програмите на електротехника, телекомуникација, информатика и технологија на комуникација, компјутерски науки и информациска технологија, мехатроника и медиумски комуникации, професорите, истражувачите и студентите преку студискиот процес развиваат решенија кои им ги овозможуваат работата и комуникацијата дури и ако е секој во својот дел на државата или светот.

Извор: feri.um.si