На факултетот за градежништво, транспорт и архитектура при универзитетот во Марибор ќе се одржи практикум посветен на вештината за јавен настап

Во четврток, на 12-ти декември 2019 година, од 15:00 до 19:00 часот во предавалната А-203 на факултетот за градежништво, транспорт и архитектура при универзитетот во Марибор (Марибор, Сметанова, 17) ќе се одржи практикум на темата „Основи на реториката и вештината за јавен настап“. Предавањето ќе го одржи Ерика Краљ (од компанијата K-INSTAL d.o.o.).

Содржина на практикумот:

  1. подготовка на квалитетна и убедлива содржина за јавен настап,
  2. гласовни вежби, јасноста во изговорот и течноста на говорот,
  3. соодветно држење, мимики со лицето, гестикулација со рацете за време на настапот,
  4. зошто ни се тресат рацете и како да се бориме со тоа,
  5. начини за поврзување со публиката,
  6. како да се најде баланс помеѓу правилата на настап и дословното изразување.

Пријавите за учество може да се достават не подоцна од 11-ти декември 2019 година. Број на слободни места: 25-30.

Подетално за практикумот

Извор: kc.um.si