На Факултетoт за применети социјални истражувања при универзитетот во Нова Горица се одржа предавање за проблемите со насилството

Факултетот за применети социјални истражувања при универзитетот од Нова Горица во соработка со општината Нова Горица одржа предавање на темата „Насилството – насушен социјален проблем или секојдневна реалност“.

Предавач на настанот беше вработената на Факултетот, специјалист од областа за изучување на насилството, професор на студиската програма „Психосоцијална помош“ доктор Мелита Зелник. На предавањето исто така земаа учество заменик градоначалникот на Нова Горица магистер Елена Завадлав Ушај, претседателот на Комитетот за социјална заштита и здравствено осигурување, раководството на Факултетот.

Предавањето содржеше основни работи за суштината на насилството (особено во интимните односи помеѓу партнерите) и неговите иницијатори. На присутните им беше разјаснета динамиката на насилството, најраспространетите причини за неговото појавување и последиците. Исто така беше опфатена темата за соодносот на фактите за насилство помеѓу мажите и жените, се разговараше и за прашањето за женското насилство.

Извор: facebook.com