На Факултетот за применети социјални истражувања се реализираат три меѓудисциплинарни проекти

Од март до крајот на јули 2019 година на Факултетот за применети социјални истражувања ќе се реализираат три меѓудисциплинарни проекти со учество на студентите, професорите-наставници и субјектите домакини: «Намали го стресот –со методот TRE» (Tension, stress and trauma Releasing Exercises – Вежби, кои што помагаат да се намали напрегнатоста, стресот и да се преброди трауматичното искуство); «Риболовен туризам во Словенија на реките и езерата» и «Апликација за паметен телефон за деца со разведени родители».

Проектите ќе се одржуваат во рамките на државната програма за соработка со економијата и некомерционалниот сектор на локално и регионално ниво «На креативен начин до знаење 2017-2020, второ отварање».

Целта на проектот «Намали го стресот – со методот TRE за намалување на стресот» е да се разработи перспективна и достапна за сите програма за борба против стресот. Создавачите на проектот сакаат да го подобрат социјално – медицинскиот  статус на болните од рак на млечната жлезда и истовремено да создадат нови деловни можности и во перспектива, нови работни места.

Во рамките на проектот «Риболовен туризам во Словенија на реките и езерата» ќе биде одржано сложено истражување во сферата на риболовниот туризам, кое што ќе претставува основа за разработка на риболовни туристички продукти. Проектот ќе се ограничи на територијата на Западна Словенија: (Горица, Обално-Крашка, Централниот регион и Горењска).

Во текот на работата над проектот «Апликација за паметен телефон за деца со разведени родители» ќе биде разработена апликација, која што благодарение на својата содржина ќе помогне во пребродување на стресното искуство во взаемните односи помеѓу детето и родителот, кое што се манифестира со отуѓување и оддалечување на детето. Благодарение на својата специфична содржина, апликацијата ќе му помогне на корисникот да ги изрази своите чувства во стресните ситуации, да ги разбере, да добие основни совети и да добие дополнителна поддршка од својте родители или од специјалист.

Извор: fuds.si