На Факултетот за применети социолошки истражувања ќе се одржат визитинг предавања на професорот од американскиот универзитет во Бејрут (Либан)

На Факултетот за применети социолошки истражувања на универзитетот во Нова Горица ќе се одржат визитинг предавања на професорот по социологија и антропологија од американскиот универзитет во Бејрут, Пол Табар, на темата „Глобализација, миграција и дијаспора“ и „Теорија на државата и политиката Пјер Бурдје“.

Првото предавање „Глобализација, миграција и дијаспора“ ќе се одржи во понеделник, 4 март 2019 година, во 17 00 часот на факултетот за применети социолошки истражувања на адресата: Грегорчичева, 19, Нова Горица.

Второто предавање „Теорија на државата и политиката Пјер Бурдје“ ќе се одржи во среда, 6 март 2019 година во 18 00 часот на факултетот за социолошки истражувања на адресата: Лескошкова, 9е, Љубљана.

Соработката на Пол Табар со факултетот за применети социлошки истражувања при универзитеотот во Нова Горица ќе се одржат во рамките на програмата Erasmus+. Темите на научните истражувања на Табар се миграционите процеси, мултикултурализам, расизам, држава и политика.

Извор: fuds.si