На факултетот за туризам при универзитетот од Марибор во Брежице започна со часови осмата тура на бруцоши

Во Брежице одново цвета студентскиот живот: по летниот распуст своите врати повторно ги отвори факултетот за туризам при универзитетот од Марибор. Треба да се напомене дека оваа година факултетот одбележува десет години од своето постоење.

За бруцошите на факултетот за туризам при универзитетот во Марибор се организираше Воведен ден. Целта на овој настан е да им се посака добредојде на бруцошите и да им се презентираат полезни совети за понатамошно ефикасно студирање. Оваа година овој ден се одржа на 30-ти септември 2019 година. Покрај многубројните настани кои што беа организирани од страна на студентите од завршните години и вработените, студентите имаа можност да се запознаат меѓусебе и со новата средина каде што ќе треба да студираат. Следниот ден, 01-ви октомври 2019 година, после воведното предавање на професор доктор Боштјан Бримен, продеканите и вработените започна редовниот процес за запишување.

Да напоменеме дека оваа година во осмата тура на бруцоши на програмата „Туризам“, се запишаа околу 80 лица. Факултетот за туризам, најновото структурно одделение на универзитетот од Марибор, работи во Брежице од 2009 година. На факултетот се предаваат три програми на редновни студии – програма за високо стручно образование, универзитетска и магистерска програма „Туризам“; исто така се подготвува отворање на докторски студии. Минатата година тука беа отворени две програми за вонредно студирање на англиски јазик, кои што ќе се одржуваат во Љубљана. Програма за високо стручно образование и магистерска програма, наменети за странски студенти. Задачи и цели како во студиската, така и во научната сфера има доволно за неколку декади однапред, уверуваат од факултетот.

Првата десет годишнина од својата работа факултетот ќе ја одбележи во декември со свечена церемонија во салата Viteška dvorana во обласниот музеј Посавје во Брежице, а пред тоа ќе се одржат неколку настани. Првиот ќе биде округла маса за вработените од академската сфера „Знаење за Посавја“, кој што ќе се одржи на 15-ти октомври 2019 година во Обласниот музеј Посавје; вториот настан „Патуваме заедно – Индија“, ќе се одржи во слата Славица Зорко на 17-ти октомври во 18:00 часот. Циклусот предавања „Патуваме заедно“ факултетот ги организира заедно со Библиотеката од Брежице. Својте видувања за Индија ќе ги претстави деканот на факултетот во Брежице, професор доктор Боштјан Брумен, а настанот ќе го направат различен студентите од факултетот родум од Индија.

Извор: ft.um.si