На факултетот за туризам при универзитетот во Марибор успешно се одржаа «Деновите за информации»

15 и 16 февруари 2019 година на факултетот за туризам при универзитетот во Марибор во Брежице се одржа настан за професионална ориентација “ Денови за информации ” . Целна група на настанот  – учениците од последните години во средните училишта, коишто сега се определуваат каде ќе го продолжат школувањето и ја поврзуваат својата професионална иднина со сферата на туристичките  услуги.  

Во рамките на “ Деновите за информации ” беа претставени  две бакалаврски програми «Туризам» (програма за професионална подготовка на ниво на високо образование и универзитетска програма). Учениците од сите региони на земјата добија можност да ја посетат презентацијата за учебните програми, да добијат информација за процедурата при уписите и спецификата на процесот на обука, а исто така да дознаат за тоа, како на факултетот се одвива студентскиот живот.  Гостите на настанот земаа учество во конкурсот, победниците освоија вредни награди – дневна карта за посета на туристичкото место Terme Čatež и маици со логото на факултетот. Заврши настанот со панаѓур во просториите на факултетот за туризам, во текот на кој што гостите, помеѓу другото имаа можност во опуштена атмосвера да поразговараат со студентите и вработените на факултетот.

Да потенцираме – туризмот е многу широка сфера, во која што можат сите да си  најдат примена, тие што сакаат да работат со луѓе, да организираат настани, патуваат, да се запознаваат со нови култури и јазици. Процесот на обука на факултетот за туризам опфаќа сфери од менаџмент, маркетинг, безбедност во туризмот, хотелиерство и индустрија на гостопримство, туристичка географија, логистика и информатика во туризмот, а исто така да ги запознаваат студентите со разни видови на туризам: спортски, болнички, активен и така натаму. Во процесот на студиите, студенте со специјалност «Туризам» со големо задоволство учествуваат во часовите и теренската работа, кога тие на пример, можат да посетат музеј под отворено небо или да дегустираат традиционални јадења. Исто така пред нив постојано настапуваат професорите од сферата на економијата и државното управување, кои што ги претставуваат дејностите на хотелот, велнес центарот или туристичкиот инфо центар. И секако, силни впечатоци кај студентите оставаат професионалните екскурзии по Словенија и другите земји.

Информации: 08 20 57 067, ft@um.si

Извори: ft.um.si, ft.um.si