На факултетoт за туризам при универзитетот во Марибор успешно се спроведени информациските денови

Одново започнува периодот кога учеництие од завршните години донесуваат решенија за продолжувањето на својот професионален пат. Тие, коишто планираат да продолжат со образование, за време на минатиот викенд земаа учество во информациските денови, коишто се одржаа низ Република Словенија. Тие, коишто ја гледаат својата иднина во туризмот, го посетија факултетот за туризам при универзитетот во Марибор во Брежице, којшто организираше презентација на своите додипломски студиски програми.

Презентациите се одржаа во три етапи, 14-ти и 15-ти февруари 2020 година. Учениците од сите региони на Република Словенија и од странство имаа можност да ја посетат презентацијата на студиски програми, уписната кампања и студентскиот живот, а исто така и презентација на студискиот процес, што беше доста забавно за посетителите. Учениците земаа учество во интерактивниот квиз, чијшто победници се стекнаа со практични награди – дневни билети за Terme Čatež и други вредни награди. Информацискиот ден заврши со одржување на Саем за кариера во зградата на факултетот, во текот на којшто посетителите имаа можност да поставуваат прашања за студирањето, за запишувањето, за животот во Брежице, студиските и воннаставните настани, а исто така да поразговараат со студентите и со вработените од факултетот за туризам.

Во 2020/2021 академска година факултетот за туризам организира прием на кандидати на реформираните додипломски студиски програми: програмата за високо стручно образование „Современи туристички практики“ и универзитетската програма „Туризам: соработка и развој“, а исто така на магистерската програма „Туристички дестинации и искуство“. Се изменија и усовршија списоците на предмети во рамките на студиските програми, со оглед на тоа што на факултетот внимаваат на тоа содржината на програмите да биде современа, актуелна и да одговара на потребите на пазарот. На тој начин на двете додипломски студиски програми покрај деталното запознавање со туристичката гранка, како приоритет е поставено изучувањето на три странски јазици (англиски, германски и италијански), работа с луѓе, претприемништво, дигитална и меѓукултурна комуникација.

Впрочем, основниот акцент како и порано се става на практичната работа, бидејќи туризмот не се состои само од предавањата во предавалните. Затоа образовниот процес е направен така да студентите веќе во периодот на образование да поминуваат различни форми на практична подготовка. Две најважни насоки, коишто се реализирани во рамките на образовниот процес се практичната подготовка и работата на терен. Во текот на праксата на терен студентите патуваат по Република Словенија и во странство, се запознаваат со различни примери на туристичка дејност и потенцијални работодавачи. Со студентите комуницираат и визитинг професорите – претставници од економијата и сферата на државното управување, коишто со сопствен пример ги запознаваат со работата на хотелот, велнес центарот или туристичко-информативниот центар. Но студентите посебно ги запомнуваат повеќедневните екскурзии по Република Словенија и во странство. Туризамот е многу опширна гранка, каде што свое место под сонцето ќе најдат сите, коишто сакаат да работат со луѓе, коишто сакаат да организираат настани, патувања, да се запознаваат со нови култури и јазици.

Извори: ft.um.si, facebook.com