На Филозофскиот факулетет при Универзитетот во Љубљана својата докторска работа успешно ја одбрани првата глува докторка на науки во Словенија

Одбраната на докторатот се одддржа во среда на 19 декември 2018 година. Студентката на докторски студии на програмата за Хуманистика и општествени науки, Марјетка Куловец својот докторат со наслов: „ Анализа на стратегиите за толкување на знаковниот јазик во Словенија и нивното влијание на разбирањето“ го одбрани на смерот Преведување, а докторатот е направен со менторство на редовниот професор др.Шпеле Винтар.

Докторското истражување според мислењето на менторката представува важен додаток кон науката и има големо значење за заедницата со оштетен слух, истражувачите и за општеството, бидејќи тој открива бројни, до сега неиистражени видици за преведување за глувите деца во образовниот процес.

Како што кажа за својот успех Марјетка Куловец, во својата долгогодишна педагошка кариера се здобила со многу практични искуства во областа на словенечкиот знаковен јазик (SZJ) во врска со толкувањето во SZJ, при што и се појавиле бројни прашања. Па така почнала да соработува на проектот Korpus in pilotna slovnica SZJ, кој прв пат го истражувал и го опишал SZJ. Оваа соработка ја поттикнало кон продлабочено истражување, па така се запишала на докторски студии.

Извор: uni-lj.si, rtvslo.si