На GEA College ќе се одржи бизнис семинар „Мини школа за хакерство“

Во среда, на 29-ти јануари 2020 година, во 16:30 часот на GEA College (Љубљана, Дунавска цеста, 156, предавална 5) е се одржи бизнис семинар на темата: „Мини школа за хакерство“. Предавањето ќе го одржи Боштјан Шпехоња – постар консултант за информатичка безбедност, коишто има неколку меѓународни сертификати од областа на етичкото хакирање (Certified Ethical Hacker – Master, Certified Network Defense Arcihtect, Security+, CEH Practical).

Содржина на семинарот:

1. Социјален инженеринг:

Во овој дел преку примери од теоријата и праксата ќе бидат претставени најраспространетите закани и форми на хакерски напади, коишто го загрозуваат крајниот корисник на Интернетот. Во ланецот на информатичка безбедност тој е најранливата алка.

  1. што е тоа социјален инженеринг, како тој протекува и како да се открие;
  2. најраспространетите технологии на хакерски напади;
  3. опасности за електронската пошта (phishing, ransomware, пробивање);
  4. закани од USВ;
  5. DEMO-примери на наједноставни пробивања;
  6. безбедно користење на мобилните телефони.

2. OSINT OSINT (Open source inteligence): претставува пребарување на податоци од отворени извори. На интернет постојат илјадници програми и услуги, коишто постојано копираат информации од интернет. Преку практични примери со посретство на инструменти за пребарување и целни услуги ќе бидат разгледани овие компании, коишто на прв поглед не се видливи, но можат да бидат важни и доверливи.

  1. што е тоа OSINT;
  2. технологии OSINT;
  3. проширено користење на онлајн инструментите за пребарување;
  4. користење на целни сајтови за пребарување на информации;
  5. преглед на целните алатки за пребарување на податоци, коишто се од отворен карактер;
  6. практична работа.

3. Преглед на слабостите на сајтовите: преглед на најраспространетите слабости на сајтовите, запознавање на учесниците со насоките на пробивање и користењето на наједноставните инструменти за откривање на слабостите.

  1. преглед на пробивањето на сајтовите;
  2. преглед на слабостите на сајтовите;
  3. како правилно да се администрира сајт;
  4. чување на важни информации на сајт;
  5. пробивање на CMS (WordPress, Joomla,…);
  6. запознавање со програмите за брз мониторинг на безбедноста на сајтот.

Број на учесници: 30. Секој учесник со себе треба да понесе лаптоп.

Регистрацијата за семинарот е отворена до вторник, 28-ми јануари 2020 година.

Подетално за семинарот

Извор: gea-college.si