На GEA College ќе се одржи семинар-практикум „Комплетното искуство на клиентот“: регистрација

Во среда на 23-ти октомври 2019 година, во 16:00 часот на GEA College (Љубљана, Дунавска цеста, 156) ќе се одржи семинар-практикум на темата: „Комплетното искуство на клиентот“. Предавањето ќе го одржи магистер Александра Бранк – специјалист со повеќе од 20 години работно искуство од областа на маркетингот, тука вклучувајќи го и 17 годишното работно искуство на раководни позиции во областа на маркетингот во словенечките и интернационалните компании. Во текот на семинарот од три часа Александра Бранк на присутните ќе им ги претстави основите на целосното искуство на клиентот и нивната важност за компанијата.

Содржина на семинарот: култура на работа со клиенти; организација и одгворност за целосното искуство на клиентот; VOC (мислење на клиентите) – разбирање на клиентите; дизајнирање на искуството на клиентот, подобрување и иновации за создавање на најдобро општо искуство на клиентот; пресметка на коефициентот на поврат на инвестицијата, придружени со резултатите на целосното искуство на клиентот; стратегија за целосното искуство на клиентот.

Регистрацијата за учество на настанот е отворена до вторник, 22-ри октомври 2019 година.

Извор: gea-college.si