На граничниот премин помеѓу Република Словенија и Република Хрватска ќе биде изграден нов мост

Владите на Република Словенија и Република Хрватска се согласија да изградат нов мост преку потокот Каменица на граничниот премин Божаково – Обреж кај Метлика. Стариот мост е затворен за секакви транспортни средства од април 2015 година.

Градежните работи се оценува дека ќе чинат 675 илјади евра, за што двете страни ќе обезбедат по половина од овие средства.

Подготовката на проектот за мостот се наоѓа во завршна фаза.  Градоначалникот на Метлика Дарко Зевник очекува дека градежните работи ќе започнат веќе во 2020 година.

Да додадеме дека сличен меѓудржавен градежен проект на мост се реализира кај реката Дракоња на граничниот премин Драгоња – Каштел.

Извор: dnevnik.si