На Институтот за бизнис-образование Концепт во Скопје, се одржа обука за операции со каса

Во август 2019 година на Институтот за бизнис-образование Концепт во Скопје, Република Северна Македонија, се одржа обука за готовинско благајничко работење, благајна на материјални и патни трошоци, како и пресметка на ДДВ и данок на добивка.

Учесниците на тренингот се стекнаа со теоретски и практични знаења за правилната примена на законската и даночната регулатива која го уредува готовинското благајничко работење и благајничкото работење во целина. Преку практични примери беше објаснета методологијата за пресметка и исплата на дневници за службени патувања во земјата и странство, согласно законот и регулаторните акти.

Извор: koncept.com.mk