На Колеџот Academia Maribor се одржа меѓународна вечер со учество на студентите од програмата Erasmus+

Во декември 2019 година на Колеџот за стручно образование Academia Maribor организираше меѓународна вечер за локалните студенти и професори.

Во текот на настанот странските студенти, коишто студираат по програмата за размена Erasmus+, ги претставија своите земји, култура, обичаи и кујна. Студентите од Шпанија, Словачка, Таџикистан и Јордан им подготвија на студентите традиционални закуски и напитоци и преку интерактивни семинари ги претставија своите обичаи и култура.

Како што напоменаа во високообразовната установа, преку вакви неформални настани Колеџот Academia Maribor ги поттикнува словенечките студенти да земаат учество во меѓународната програма за размена Erasmus+.

Извор: academia.si