На колеџот GEA се одржа конкурс за студентски презентации на брендот Lassana

Во мај 2019 година на колеџот GEA се одржа вториот студентски конкурс, насочен кон унапредување на брендот Lassana помеѓу младите на возраст од 16 до 25 години со помош на он лајн кампања. На овој конкурс учествуваа студенти од втора и трета година од редовната и вонредната настава на студиската програма „Претприемништво“.

Учесниците на конкурсот требаше во текот на 10 минути во форма на кратка презентација да му го претстават своето бизнис решение на нарачателот. Во овој случај тоа беше жири, во чиј состав влегоа претставниците на компанијата Lassana – директорот доктор Давид Цукјати, Вања Маври и Алеша Мурн, а исто така и вработените од колеџот GEA Сандра Кецман и Рок Кожељ.

Победата на конкурсот ја однесе тимот 4 STAR team (Катја Крaбоња, Петер Ромих, Жига Видиц, Грегор Чич). Според жирито, тимот 4 STAR team прецизно ги следел насоките на нарачателот, паметно ги распредели финансиските средства и најважното, при планирање на стратегијата на комуникација тимот стави акцент на емоциите, кои што придонесуваат клиентот да донесе решение. Тимот одлично ги аргументираше своите предлози. Учесниците од овој тим ефикасно го искористија претприемачкиот начин на размислување и знаењата од интернет маркетингот.

Да додадеме дека студентските конкурси се одлична можност за студентите да решаваат реални задачи во компанијата и со самото тоа да се стекнат со бесценето искуство.

Извор: gea-college.si