На студентите од универзитетот во Љубљана им беа врачени награди што го носат името на Франце Прешерн

На студентите од универзитетот во Љубљана на свечен чин им беа врачени  наградите што го носат името на Франц Прешерн. Церемонијата ја организираше ректорот на универзитетот во Љубљана професор доктор Игор Папич. Да напоменеме дека оваа година се исполнуваат 70 години од моментот на одржување на првата  ваква церемонија.

Ректорот им посака на добитниците да ја продолжат започнатата научна кариера и успешно да освојуваат нови хоризонти во образованието – како во родната земја, така и на меѓународен план.

Студентите од универзитетот во Љубљана – добитници на наградите што го носат  името на Франц Прешерн за 2019 година се:

  1. Јака Михелач, Академија за музика при универзитетот во Љубљана,
  2. Јања Шушњар, факултет за архитектура при универзитетот од Љубљана,
  3. Андреј Лаврич, факултет за електротехника при универзитетот во Љубљана,
  4. Мија Бон, филозофски факултет при универзитетот во Љубљана,
  5. Маја Севшек, филозофски факултет при универзитетот во Љубљана,
  6. Анже Меден, факултет за фармација при универзитетот во Љубљана,
  7. Ајда Кафол Стојанович, факултет за градежништво и геодезија при универзитетот во Љубљана,
  8. Урош Завртаник, факултет за хемија и хемиски технологии при универзитетот во Љубљана,
  9. Шпела Крушич, факултет за математика и физика при универзитетот во Љубљана,
  10. Павлин Грегор Поличар, факултет за компјутерски науки и информатика при универзитетот во Љубљана,  
  11. Јана Сајовиц, факултет за медицина при универзитетот во Љубљана,  
  12. Јан Доминик Богатај, богословски факултет при универзитетот во Љубљана.

Извор: uni-lj.si