На универзитетот Беркли беше врачена награда именувана по професорката од економскиот факултет при универзитетот во Љубљана

На универзитетот Беркли беше врачена награда именувана по педагогот и научниот доцент доктор Каја Рангус. Наградата беше врачена во рамките на петата светска конференција на отворени иновации, која што се одржа во Сан Франциско, во државата Калифорнија. Висината на наградата изнесува 1000 долари.

Каја Рангус работела како доцент на катедрата за претприемништво на економскиот факултет при универзитетот во Љубљана. Таа се занимавала со прашањата на отворени иновации, претприемништво и дизајнерско размислување. Во 2016 година Рангус го освоила второто место на светскиот конкурс на научни статии WOIC 2016 Best Emerging Scholar Award за статијата «The Role of Open Innovation Mindset in Entrepreneur’s Alertness and Firm’s Financial Performance» („Значењето на отвореното иновациско размислување за деловен потенцијал и финансиски показатели на претпријатијата“).

По смртта на Каја Рангус во 2018 година Организацискиот комитет на светската конференција за отворени иновации во нејзина чест ја именувал наградата „ Најдобар млад научник“ (Best Emerging Scholar Award) за посебен придонес во академските истражувања и работа во заедницата Open Innovation.

Извор: efnet.si