На Универзитетот од Љубљана по повод неговата 100 годишнина му беше врачена најголемата државна награда – Орден за исклучителни заслуги

Во вторникот, на 03-ти декември 2019 година, во салата Gallusova dvorana Цанкаревиот дом во Љубљана се одржа свечена академија по повод 100-годишнината на универзитетот од Љубљана. Во текот на настанот на универзитетот му беше врачена највисоката државна награда – Орден за исклучителни заслуги – за придонесот во духовниот и културниот развој на словенечкиот народ, закрепнувањето на словенечкиот јазик и посебни достигнувања во сферата на науката и образованието. Почесниот покровител на настанот претедателот на Република Словенија Борут Пахор, му ја врачи наградата на ректорот на универзитетот од Љубљана професор доктор Игор Папич.

Професор доктор Фредерик Данкан Мајкл Холдејн, лауреат на Нобеловата награда по физика и почесен доктор на универзитетот од Љубљана, забележа дека малите народи (тука вклучувајќи го и словенечкиот) исто така можат да дадат свој придонес во науката и технологијата, а воспитанието на високообразовано и технолошки напреден дел од населението е се поактуаелна цел, бидејќи тоа е услов за развој на економијата, којашто се базира на современите технологии.

Извор: uni-lj.si