На универзитетот од Нова Горица се одржа средба со претставниците од универзитетот Трој (Алабама, Соединети Американски држави)

Во понеделник, на 13-ти јануари 2020 година, ректорот на универзитетот од Нова Горица професор доктор Данило Завртаник на покана на амбасадорот на Соединетите Американски држави во Република Словенија Линда Гаје Кливленд Бланкар се сретна со претставниците од универзитетот Трој (Алабама, Соединети Американски држави).

Средбата во која што земаа учество и претставници на други словенечки универзитети, беше посветена на воспоставување на соработка и размена помеѓу високообразовните институции.

Извор: facebook.com