На Универзитетот во Љубљана беа претставени главните научни достигнувања во 2019 година

Во чест на 100-годишнината на најстарата високообразовна установа во Словенија – Универзитетот во Љубљана – беа претставени главните научни достигнувања во 2019 година. Дијапазонот на научните интереси е огромен. Така, претставниците на Биотехничкиот факултет во соработка со јапонските и со американските колеги се занимаваа со изучување на поларизацискиот вид на штрклите (коњски муви). Како што подвлекуваат истражувачите, истражувањата на научниците во овој правец имаат основоположничко значење за изучување на видот кај животните и за развојот на нервниот систем, што ќе послужи за борба со болестите кои ги пренесуваат ципокрилците, а исто така и за разработка на современи системи за вештачки вид.

На Факултетот за електротехника заедно со американскиот универзитет Нотр Дам разработија нов приод кон подобрување на резолуцијата на сликите со користење на вештачки интелект. Ова достигнување овозможува да се подобри резолуцијата на сликата на лицата за 8 пати, што е корисно за различни задачи за компјутерскиот вид. Процесот на подготовка на првиот еколошки чист огноотпорен текстил од полиамид 6 беше разработен на Природно-техничкиот факултет заедно со истражувачите од Институтот за хемија; иновацијата е исто така важна од гледна точка на одржливиот развој, со оглед на тоа што овој полимер е погоден за вторична преработка.

Значаен придонес во изучувањето на постојаните иновации на Универзитетот во Љубљана беше направен на Економскиот факултет. Факултетот за фармација, благодарение на резултатите од своите истражувања, направи важен чекот кон поефикасна имунотерапија при алергија на пчелин отров. Научниците од Факултетот за хемија и хемиски технологии, проучувајќи ги својствата на водата, дојдоа до заклучок дека таа претставува „решеткаста течност“. Истражувачите од Медицинскиот факултет направија револуционерно откритие во областа на самоконтролата на нивото на шеќер во крвта. На Педагошкиот факултет дојдоа до сознание дека врз основа на егоизмот се развиваат позитивни еколошки вредности. Претставниците на Факултетот за здравство дојдоа до заклучок дека мембраните на наоструктурата претставуваат важен фактор на заемно дејство на клетките со природната средина. Едно од најзабележливите достигнувања од минатата година е појавувањето на новиот филозофски термин „диспаритет“. Тој беше предложен од доктор Славој Жижек, наставник на Филозофскиот факултет.

Извор: vecer.com