На Универзитетот во Љубљана им се олеснува уписот на студентите во наредна година

Во вторник, 21 април 2020, заседаваше Сенатот на Универзитетот во Љубљана, со кој претседаваше ректорот на универзитетот проф. д-р. Игор Папич. Беше донесена уредба со која се повикуваат сите факултети членови на универзитетот да ги снижат критериумите за напредување на студентите во наредна година, во студиската 2019/2020 година.

Photo: pixabay/mozart_sybilla

Целта на уредбата е да им се овозможи на што повеќе студенти непречено да се запишат во наредна година и со тоа да ја задржат својата правна и социјална положба. Доколку факултетите ги испочитуваат овие препораки и резолуции на сенатот, на студентите ќе им се намали минималниот број на кредити потребни за напредување во студиите.

Во иднина се очекува овој тренд да го следат и другите универзитети во државата.

Извор: student.si