На универзитетот во Љубљана се одржа Петиот форум на ректори од универзитетите од Југо-источна Европа и Западен Балкан

На универзитетот во Љубљана се одржа Петиот форум на ректори од универзитетите од Југо-источна Европа и Западен Балкан. На настанот земаа учество триесет ректори и други претставници од универзитетите од Југо-источна Европа и Западен Балкан, коишто соработуваат во сферата на образованието, преносот на знаење и учеството во европските проекти. На Форумот на ректори се приклучи и новиот учесник – Јангелонскиот универзитет (Полска).

Форумот се одржа во салата Zbornična dvorana. Помеѓу другото, учесиците на настанот се запознаа со проектот Eutopia, со којшто раководи универзитетот од Љубљана. Официалната реализација на овој проект започна на први декември 2019 година.

Универзитетот од Љубљана е единствена установа помеѓу земјите учесници од иницијативата EU13, во рамките на првиот пилот конкурс на Erasmus+ 2019: Evropske univerze коишто добија право на реализација на европскиот проект EUTOPIA – European Universities Transforming to an Open Inclusive Academy for 2050 со буџет од шест милиони евра како координатор. Целта на проектот е подготовка на долгорочна стратегија за реформирање на универзитетот во согласност со современите практики и приоди на пазарот на знаење, што треба да ја подобри соработката на сите три гранки: науката, образованието, иновациите и преносот на знаење во општеството.

Извор: uni-lj.si