На универзитетот во Љубљана сe организираше прием за странските студенти, коишто се обучуваат по програмата за рамена на студенти на економскиот факултет при овој универзитет

Од 12-ти до 14-ти февруари 2020 година Одделот за меѓународна соработка организираше прием за странските студенти, коишто ќе го поминат летниот семестар во рамките на програмата за размена на студенти и добивање на двојна диплома на економскиот факултет при универзитетот од Љубљана. Во овој семестар факултетот прима 196 студенти од триесет и две земји.

Поголемиот број на студенти во овој семестар се од Франција (46 лица), потоа следуваат студентите од Германија (37 лица). Студентите учат според програмата за размена на различни студиски програми. Помеѓу нив најмногу има студенти од Erasmus, по нив следуваат студентите, коишто се обучуваат врз основа на меѓуинституционални и меѓувладини договори.

Заедно со група на студенти волонтери SEBuddies факултетот за странските студенти подготви разни семинари и предавања, во текот на коишто тие се запознаа со факултетот, студентскиот живот, словенечката култура и словенечкиот јазик. Покрај тоа, странските студенти ги претставија своите земји на Меѓународната вечера во лобито помеѓу Големата и Малата сала во четвртокот, на 13-ти февруари 2020 година, каде што можеше да се проба храна од целиот свет.

За викендот студентите се запознаа со знаменитостите на Република Словенија, го посетија словенечкиот брег, во регионот Крас, во Блед и Бохине.

Извор: efnet.si