На универзитетот во Марибор го пуштија во употреба прототипот на суперкомпјутер

На крајот на ноември 2019 година на универзитетот во Марибор го пуштија во употреба прототипот на суперкомпјутерот, создаден во рамките на проектот „Модернизација на националната научно-истражувачка инфраструктура – HPC RIVR“ („Nadgradnja nacionalnih raziskovalnih infrastruktur – HPC RIVR“) со цел разработка и тестирање на системските и програмските решенија за базниот јазол. На свечената церемонија земаа учество премиерот Марјан Шарец, министерот за економски развој и технологија Здравко Почивалшек и државниот секретар од министерството за образование, наука и спорт доктор Ернеј Штромајер.

HPC RIVR @ UM, е сместен во специјален контејнер за суперкомпјутери на универзитетот во Марибор и претставува обновена верзија на постоечкиот HPC CORE @ UM, создаден во 2013 година.

Овој проект игра важна улога во достигнувањето на целите на Заедничката декларација EuroHPC за соработка во рамките на којашто Република Словенија како земја потписник ја зема на себе одговорноста да создаде интегрирана и достапна, високопроизводствена компјутерска инфраструктура. Проектот го финансираат Европската унија со средства од Европскиот фонд за регионален развој (80%) и министерството за образование, наука и спорт (20%) во рамките на Оперативната програма за реализација на Европската политика за сплотеност за 2014-2020 година. Заедничката сума на финансирање изнесува 20 милиони евра.

Организатори и координатори на проектот се универзитетот од Марибор; партнри се Институтот за информатички науки и Факултетот за информатички истражувања од Ново Место, а исто така потпишани се договори со сите општествени истражувачки организации, коишто влегуваат во конзорциумот на Словенечката национална суперкомпјутерска мрежа SLING.

Во рамките на проектот на почетокот бил создаден прототипен суперкомпјутер HPC RIVR на универзитетот во Марибор, предвиден за разработка и тестирање на системски и програмски суперкомпјутерски решенја, коишто ќе бидат основа за градење на првиот суперкомпјутерски систем во Институтот за информатички науки. Се очекува дека ќе започне да функционира кон крајот на 2020 година.

Извор: um.si