На универзитетот во Марибор ќе се одржи практика на темата пишување на автобиографија

Во вторник на 8-ми октомври 2019 година, во 13:00 часот на универзитетот во Марибор (Марибор, Сломшков трг, 15, сала Južni stolp) ќе се одржи 90 минутна практика на темата: „Што да се напише во автобиографијата и каков формулар да се користи?“. Предавањето ќе го одржи консултантот од универзитетот од Матибор задолжен за прашања поврзани со кариера Вера Братич.

Во текот на практиката ќе бидат разгледани следните прашања:

  1. како да се напише автобиографија доколку немате работно искуство;
  2. какви елементи треба да содржи автобиографијата;
  3. креативност и форма на писмена презентација;
  4. грешки, кои што може да се избегнат.

Регистрацијата за практиката е отворена до понеделник, 07-ми октомври 2019 година, вклучувајќи го и 07-ми октомври. Влезот е бесплатен.

Извор: kc.um.si