На универзитетот во Марибор ќе се одржи Третата есенска школа за блокчејн апликации и разработка на децентрализирани решенија

Од 17-ти до 20-ти септември 2019 година групата Blockchain Lab:UM од Институтот за информатика на факултетот за електротехника, компјутерски науки и информатика при универзитетот во Марибор ја организира Третата есенска школа за блокчејн апликации и разработка на децентрализирани решенија.

Спонзори на Третата летна школа се: „Кластер за еко-социјални иновации и развој CEDRA Сплит“ и ООО „Eupolis grupa d.o.o“, Хрватска. Покровител на Школата ќе биде министерството за економски развој и технологија.

Во текот на работата на есенската Школа студентите ќе се запознаат со технологиите на блокчејн, ќе научат да разработуваат смарт договори и децентрализирани апликации, а исто така и мобилни апликации за Android со помош на јазикот за програмирање Kotlin.

Вториот дел од есенската Школа ќе се одржи во форма на конкурс со поддршка на професорите, студентите ќе решаваат практична задача, зададена од спонзорот на Школата. Наградата за победникот ќе изнесува 1000 евра во криптовалутата биткоин и ќе му се исплати на најдобриот тим, кој што ќе биде избран од експертската комисија составена од четири члена.

Пријавите за учество на есенската Школа се примаат до четврток, 12-ти септември 2019 година, до 23:59 часот. Со оглед на тоа што бројот на места е ограничен, организаторот го задржува правото за избор на учесници (вкупно ќе бидат избрани петнаесет учесници). За резултатите од изборот ќе ви биде соопштено во петок на 13-ти септември 2019 година.

Подетално

Извор: feri.um.si