На универзитетот во Марибор ќе се одржи вежба за пишување на мотивациско писмо

Во среда на 21-ви август 2019 година, во 11:00 часот на универзитетот во Марибор (Сломшков трг, 15, Марибор, сала Južni stolp) ќе се одржи 45 минутна вежба за правилно пишување на мотивациско писмо. Вежбата ќе ја одржи советникот од универзитетот во Марибор за прашања поврзани со кариерата Вера Брачич.

Во текот на вежбата студентите ќе се запознаат со тоа како кратко и содржински да се напише мотивациското писмо, чија цел ќе биде да го убеди работодавачот: „Зошто токму вие сте вистинскиот кандидат за вработување“.

Пријавите за учество може да се достават до 20-ти август 2019 година.

Извор: kc.um.si