На универзитетот во Нова Горица ќе се одржи свечено отворање на 25-та академска година

Во четврток на 17-ти октомври 2019 година, во куќата на Лантиери во Випава се одржа свечено отворање на 25-та академска година на универзитетот во Нова Горица. Со поздравен говор на присутните им се обрати ректорот на универзитетот професор доктор Данило Завртаник, кој што ги сподели своите сеќавања за универзитетот од 1995 година.

Во текот на свечениот настан Данило Завртаник го удостои светски познатиот професор од областа на молекуларните спектроскопски методи и биомедицина професор Џиацино Сколе со звањето почесен професор на универзитетот од Нова Горица поради исклучителните научни и професионални достигнувања од областа на временета диелектичка спектроскопија и науката за животот. За почесен професор на универзитетот од Нова Горица беше избран меѓународниот експерт од сферата на заштитата на економијата во културата, уметноста и меморијалното наследство, професор доктор Хавиер Грефе. Тој беше удостоен со ова звање поради особениот придонес во создавањето на меѓународната репутација и развојот на универзитетот од Нова Горица, а исто така и за работата како професор и научен раководител. За посебен придонес во одржувањето на фундаменталните научни истражувања на универзитетот во Нова Горица од областа на молекуларната биологија и цитологија со звањето почесен професор на универзитетот во Нова Горица беше удостоен меѓународниот експерт од сферата на биологијата и канцерогенезата на ХПВ вирусите, професор доктор Лоуренс Бенкс.

Во текот на настанот исто така беа наградени 9 студенти. Наградата Аlumnus primus ја доби дипломецот Јосипа Шкрапич, прва помеѓу студентите од својата генерација која што ги завршила студиите. Со наградата Аlumnus optimus беа удостоени дипломците кои што покажале најдобри академски успеси во конкретната академска година: Андреа Торони, Гаја Томшич, Зала Збичајник, Ник Обид, Ника Кравос, Ана Цукјати, Нада Иханец и Јосипа Шкрапич.

Денес образовниот процес во универзитетот во Нова Горица се одвива во рамките на пет факултети, на Академијата за уметност и високата стручна школа. За ова време универзитетот образувал 233 доктори на науки, 396 магистри, 895 дипломци. Научноистражувачката дејност се одвива во шест центри и четири лаборатории, опремени со најсовремена опрема. Од година во година се зголемува бројот на странски студенти. Во 2019-2020 академска година тие беа 54% од вкупниот број на студенти. Оваа година на универзитетот во Нова Горица ќе се стекнат со образование студенти од 48 земји од светот. На универзитетот од Нова Горица постојано се усовршуваат и дополнуваат студиските програми. Така од оваа академска година на универзитетот е отворена магистерска и докторска програма од областа на материјалите и магистерска програма од областа на лозарството и производството на вино. Денес тука сме сведоци на процесот на реформирање на Вишата школа за лозарство и производство на вино во факултет за лозарство и производство на вино.

Извор: ung.si