На универзитетот во Нова Горица отворена е нова магистерска образовна програма „Проектирање и управување со отворено образование“

На факултетот за бизнис и технологија при универзитетот во Нова Горица отворена е нова магистерска образовна програма „Проектирање и управување со отворено образование“. Директор на програмата е деканот професор доктор Тања Урбанчич. EКТС координатор е професор доктор Изток Арчон.

Магистрите од оваа образовна програма ќе можат да планираат, организираат и одржуваат настани, коишто ја зголемуваат достапноста, флексибилноста, квалитетот и одржливоста на преносот на знаења на голем круг на луѓе. Нивната работа ќе придонесува за тоа секој да може да го реализира својот потенцијал и да се стекне со вештини, потребни за активно вклучување во општествениот живот.

Оваа образовна програма е интердисциплинарна. Таа ги поврзува областите на информатичките технологии, бизнисот и педагошките науки. Образовната програма вклучува задолжителни предмети, задолжителни факултативни предмети, факултативни предмети, групни проекти, индивидуални проекти и магистерска дисертација.

Образовниот процес ќе се одвива во куќата на Лантиери во Випава, а дел од образовниот процес ќе се одвива и онлајн. Наставен јазик ќе биде англискиот (меѓународен статус на програмата).

Образовната програма е разработена во соработка со катедрата за отворени технологии за отворен пристап до образовните ресурси и отворени обуки УНЕСКО Институтот Јожеф Штефан.

Подетално за новата магистерска програма

Извор: ung.si