На универзитетот во Нова Горица се одржа 11-та научна конференција „Денови на Станислав Шкрабец“

Во петокот, на 15-ти ноември 2019 година, факултетот за хуманитарни науки при универзитетот во Нова Горица и Научноистражувачкиот центар при Словенечката академија на науки и уметности одржаа научнуа јазична конференција „Денови на Станислав Шкрабец“. Овој настан собра лингвисти од словенечките и од странските профилни образовни установи.

Присутните на научната конференција ги поздрави професорот од факултетот за хуманитарни науки при универзитетот од Нова Горица, научниот соработник од центарот за когнитивна лингвистика при универзитетот во Нова Горица, доктор Франц Марушич. Понатаму во текот на дискусијата беа претставени шеснаесет реферати од областа на дијалектологијата, етомологијата, нормативистиката, морфологијата, фонологијата и изучувањето на јазикот. По завршувањето на конференцијата во издаваштвото на универзитетот во Нова Горица традицинално ќе биде испечатен зборникот со реферати.

Извор: ung.si