На универзитетот во Нова Горица се одржа предавање од страна сопствениците на компанијата Nona Luisa

Во вторникот, на 7-ми мај 2019 година, во универзитетот во Нова Горица се одржа предавање од страна на сопствениците на компанијата Nona Luisa – production of natural cosmetics and wine liqueurs Катјуша Реја. Настанот беше организиран во рамките на проектот „Креативниот пат до знаењето“.

Во текот на предавањето студентите се запознаа со производството на природната козметика и со професионалната кариера на Катјуша Реја. Своите знаења кои што ги има стекнато во текот на научно-истражувачката дејност, Катјуша Реја ги користела во претприемништвото основајќи ја компанијата Nona Luisa. Исто име има и нејзиниот бренд за природни козметички производи.

Катјуша Реја е дипломец на факултетот за науки за животната средина и поранешна вработена на универзитетот во Нова Горица. Сега таа соработува со универзитетот од Нова Горица во рамките на проектот „Гроздовите семки како извор на загадување и бизнис можности“.  

Извор: facebook.com