На универзитетот во Нова Горица се одржа првата средба на CEEPUS мрежата Astro.CE

Во Центарот за астрофизика и космологија при универзитетот во Нова Горица од 13-ти до 15-ти мај 2019 година се одржа првата средба на CEEPUS мрежата Astro.CE: „Повеќеканална астрофизика во Централна Европа“.

На настанот, кој што се одржа во формат на тродневен научен семинар земаа учество 31 талентиран студент и 16 истражувачи од универзитетот од Белград, универзитетот од Нови Сад, универзитетот од Бања Лука, универзитетот од Риека, универзитетот од Љубљана и универзитетот од Нова Горица. Помеѓу учесниците на средбата исто така имаше и поканети лектори од универзитетот од Њујорк, Харвардскиот универзитет, универзитетот од Трст и меѓународната школа за перспективни истражувања SISSA. Учесниците во формат на предавања ги претставија истражувањата од областа на се по актуелната повеќеканална астрономија, кои што се прават во Централна Европа.

Во вторникот на 14-ти мај 2019 година, поканетиот предавач Гленис Фарар од универзитетот во Њујорк одржа предавање за своето учество во истражувањата во областа на физиката елементарните честички, космологијата и физиката на темната материја. На истиот ден во рамките на циклусот „Вечери посветени на науката“ се одржа предавање на Кристин Џонс Форман од Харвардскиот универзитет, посветено на истражувањата на невидливата вселена. На завршниот ден од средбата, 15-ти мај 2019 година, Вилијам Форман од Харвардскиот универзитет  раскажа за улогата на супер-големите црни дупки во центрите на галаксиите со акцент на неодамна фотографираната црна дупка во галаксијата M87.

Извор: ung.si