На универзитетската библиотека во Марибор ќе се организира школа за филм Filmika: се покануваат сите заинтересирани

Од 22-ри ноември 2019 година до 24-ти април 2020 година во рамките на проектите од областа на културата и уметноста во Универзитетската библиотека во Марибор ќе се организира школа за филм Filmika. Професор ќе биде Јоже Слачек, асистент – Кристијан Робич. На оваа школа можат да земат учество сите заинтересирани. Предавањата ќе се одвиваат во понеделниците во салата Glazerjeva dvorana во Универзитетската библиотека во Марибор од 16:30 до 19:00 часот.

Да напоменеме дека оваа година Filmika ќе ги отвори своите врати веќе трети пат. Првиот пат во 2013 година, а вториот во 2014/2015 филмската школа вршеше едукација за создавање на играни филмови, оваа година курсот ќе биде посветен на основите на анимираниот игран филм. Шестмесечната филмска школа (24 средби по 3 академски часа секоја од нив) ќе им обезбеди на посетителите детални информации за методите, историјата, разработката и производството на анимирани филмови. Тие ќе се запознаат со основите, кои што ќе им овозможат успешно да се вклопат во оваа област. Теоретското работење ќе се комбинира со практичното во зависност од желбите и проектите на слушателите. Не се потребни претходни знаења.

Програма на филмската школа Формулар за пријавување на филмската школа

Извор: feri.um.si