На Вишата стручна школа Academia Maribor предавање одржа директорот на фирмата Јуниор д.о.о.

Директорот на фирмата Јуниор д.о.о. – Иван Добој, на студентите од програмата Економист во рамките на предметот Основи на бизнис финансиите, им го претстави начинот на преземање, утврдување и развој на бизнис моделот за трговската марка „Такос“. Студентите можеа да слушнат со какви финансиски, претприемачки и кадровски предизвици се среќава еден претприемач во пракса, и како може брзо и успешно да се одговори на тие предизвици.

Тој исто така им ја претстави и својата визија за иднината, односно својот франшизен модел Lonche, при што инвеститорот за финансискиот влог во менаџирањето ќе добие дизајнерски креиран простор, знаење, искуство и поддршка за самостојна бизнис кариера, како понудувач на висококвалитетна мексиканска храна „to-go“.

По презентацијата студентите ги интересираше како добива финансиски средства, како ги менаџира финансиите во фирмата и кои се најголемите предизвици при работата со странки.

Интернет-врска: academia.si