Наградата „Личност на Штаерска“ во рацете на директорката на ДОБА

Јасна Доминко Балох е директорка и сопственичка на бизнис групата Доба, во чии рамки има виша стручна школа, јазичен центар, центар за самостојно учење и берза на знаење. Таа е основоположник на единствениот словенечки високошколски модел на онлајн образование, кој има две меѓународни акредитации. 

Оваа година таа го доби највисокото државно признание на Република Словенија за успешна воспитно-образовна, иновациска и организациска работа во сферата на образованието за возрасни и признанието од Андрагошкиот центар на Словенија за придонес во развојот на квалитетот на образованието за возрасни.

Наградата „Личност на Штаерска“ во организација на весникот „Вечер“, годинава се доделуваше по трет пат, а свеченото доделување беше во четвртокот на 13 декември 2018 година, во Казинската сала при Словенечкиот народен театар Марибор. 

Во бизнис групата ДОБА, 35 вработени остваруваат годишни приходи од околу 1,3 милиони евра.

Интернет-врски: fakulteta.doba.si, vecer.com