Награден конкурс за студенти CGS Labs Infra Challenge 2018/2019

CGS Labs го распишува конкурсот CGS Labs Infra Challenge 2018/2019, со награден фонд во висина од 2.000,00 евра, наменет за студентите по градежништво од Србија, БиХ, Црна Гора, Македонија, Хрватска и од Словенија.

На конкурсот може да учествуваат поединци или групи со дипломски труд, семинарски труд, односно со каков било проект, којшто го имаат изработено сами, со користење на програмската опрема CGS Labs за 3D CAD/BIM планирање на инфраструктурни објекти Plateia, Ferrovia или Aquaterra. Програмската опрема CGS Labs може да ја користат на Autodesk или на BricsCAD платформите, а за изработката на визуелизацијата и презентацијата на проектите нема ограничувања. Може да ги користат омилените програмски решенија, како на пр. InfraWorks, 3ds MAX, Lumion итн. Основниот план мора да биде изработен со програмската опрема CGS Labs.

Награден фонд

1. награда: 1.000,00 евра (нето)

2. награда: 600,00 евра (нето)

3. награда: 400,00 евра (нето)

Покрај наградите ќе бидат доделени и признанија за посебни достигнувања.

Повеќе информации и пријава на: cgs-labs.si

Интернет-врска: fgpa.um.si