Награди и звања за најдобрите од најдобрите: Универзитетот од Марибор го одбележа својот роденден

Во средата на 18-ти септември 2019 година, на универзитетот во Марибор се одбележуваше роденденот на овој универзитет. Од моментот на своето отворање во 1975 година тој стана респектабилна образовна установа, чија основна цел е распространување и популаризација на образованието и знаењето. Денес универзитетот од Марибор се вбројува во 5% најдобри универзитети во светот.

Во чест на 100 годишнината од раѓањето на првиот ректор на Универзитетот од Марибор почесниот професор доктор Владимир Брачич сегашната Голема сала е преименувана во Сала Владимир Брачич.

Во текот на свечената церемонија се одржа врачување на наградата Леон Штрукљ за посебни спортски достигнувања на студентите од овој универзитет, признаници за посебен придонес за одржување на воннаставни настани во универзитетот, признаници за посебни достигнувања на студентите во областа на културата и признаници за најдобриот студент доброволец. Исто така беше доделено највисокото звање – „Почесен доктор на науки на универзитетот во Марибор“ – за посебни достигнувања во дејноста на универзитетот во Марибор и зацврстување на неговиот имиџ. По предлог на факултетот за науки за здравје со ова звање беше удостоен професор доктор Хју Мек-Кејн. Почесното звање „Благотворител од универзитетот од Марибор“, кое што се доделува на физички или правни лица за посебен придонес во дејноста и развојот на унверзитетот во Марибор, на предлог на факултетот за медицина, беше удостоен професор доктор по медицина од областа на стоматологијата, Александар Кјублер.

Извор: um.si