Најдобрите дипломци од факултетот за туризам на универзитетот во Марибор ќе се натпреваруваат за награда «Зелен компас»

Најдобрите дипломци од факултетот за туризам на универзитетот во Марибор 2017/2018 учебна година ќе се натпреваруваат за наградата “Зелен компас„. Целта на оваа награда е да се поттикне учебната, научно- истражувачката и други активности на студентите, која што придонесува за нивниот личен и професионален развој, а исто така го подобрува имиџот на факултетот како образовна и научно-истражувачка организација.

Наградата се врачува на најдобриот дипломец, студент или магистар на факултетот, кој што ја завршил обуката не порано од 1 март 2018 година, бил сестрано активен, придонесувал за унапредување на факултетот и универзитетот,подобрување на нивната репутација на локално и меѓународно ниво.

Да го кандидираат учесникот имаат право професорот, студентскиот совет или самиот студент.

Пријавите од кандидатите си примаат до 5 март 2019 година вклучително и 5 март. Потоа во периодот од 5 март до 30 март 2019 година студиската комисијата  ќе ги разгледа пријавитите и информациите од деканатот за нивните оценки и дипломски работи врз основа на што ќе се избере најдобриот дипломец. Понатаму (од 30 март 2019 година ) комисијата ќе испрати на сенатот на факултетот основани предлози за кандидат за добирник на наградата “Зелен компас„ заедно со списокот на сите кандидати и сите апликации. До 25 април Сенатот на факултетот ќе одобри кандидатура за добитникот на наградата “Зелен компас„ .

Да додадеме дека избраниот добитник на наградата “Зелен компас„ деканот на факултетот го номинира за ректор универзитетот во Марибор.

Образец од пријавата за номинирање на кандидатите се наоѓа во апликацијата.

Подетално

Извор: ft.um.si