Најдобрите студенти од Колеџот Academia Maribor, кои што учеле во 2017-2019 година, се наградени со признаници

Во вторникот на 18-ти јуни 2019 година, во Образовно-научниот центар Fontanta им беа врачени признаници на најдобрите студенти од Колеџот за насочено образование Academia Maribor, кои што учеле во 2017-2019 година.

Признанија за најдобри студенти од образовните програми со најдобар успех и со најмногу положени испити добија студентите: Власта Шкрињар (од програмата „Економист – Сметководител“), Игор Лах (од програмата „Економист – Комерцијалист“), Јакоб Муршак (од програмата „Градежништво“), Матеј Одер (од програмата „Медиумска продукција“), Марко Правдич (од програмата „Машинство“), Борут Бауман (од програмата „Безбедност“), Алексеј Сиркин (од програмата „Економист“; на англиски јазик).

Извор: academia.si