Најпопуларни професии во 2019 година според Adecco

Во 2019 година, најбарани високообразовни кадри ќе бидат програмерите (особено стручњаците за JAVA), стручњаците за продажба и финансии, машинските инженери и сите стручњаци во полето на техничките науки, како и фармацевтите и стручњаците во природните науки.

Компаниите имаат потреба и од готвачи и келнери, ракувачи со CNC-машини, бравари, заварувачи, магационери, ракувачи на виљушкари и работници во производството. Според прогнозите, во 2019 година, логистичките компании ќе ги зголемат своите вработени, благодарение на бројните инвестиции од 2018 година, а магационерите и ракувачите на виљушкари може да очекуваат поголеми плати.

Најголем придонес за економскиот развој во 2018 година бележеа компаниите од фармацевтската и автомобилската индустрија, туризмот и логистиката.

Позитивниот тренд во градежната индустрија ќе продолжи со истото темпо. Во последниот квартал од 2018 година, имаше благо опаѓање во автомобилската индустрија. Земајќи го предвид правецот на економскиот развој, за стручњаците од општествените науки ќе има помалку перспективи. Тие заземаат пониски позиции, кои не кроеспондираат со нивното образование. За подобри кариерни можности мора да станат стручњаци во друга област, како на пр. стручњаци во дигиталниот маркетинг, за кои во 2018 година имаше голема потреба.

Важно е да се спомене дека според Заводот за статистика просечната нето-плата за октомври 2018 година изнесува 1,086.8 евра, што е за 2,9 % повеќе од истиот период во 2017 година. 

Интернет-извори: svetkapitala.delo.si, delo.si