Наспроти првиот уписен рок во Харков се одржа семинар 2ТМ „Образованието во Словенија: програми, рокови, перспективи“

Во сабота, 2 февруари, во просториите на компјутерската школа Hillel во Харков се одржат првиот за 2019 година семинар на 2ТМ „Образованието во Словенија: програми, рокови, перспективи“. Набргу во Словенија ќе настапи одговорниот период за кандидатите – почетокот на првиот уписен рок. И многу е важно информациски и морално да се подготвиме за процесот на запишување – така тој ќе помине без излишни стресови и ќе заврши со успешно запишување на кандидатите на посакуваната високообразовна институција и на саканата програма.

Токму поради тоа ние за учесниците на семинарот ги подготвивме најважните и најпотребните информации кои даваат јасна претстава за школувањето и за животот во Словенија. А, имено:

  1. за привлечноста на Словенија, за безбедноста, за екологијата, за културната и јазичната блискост, брзината на адаптацијата на студентите;
  2. за разнообразноста на словенечките високообразовни институции и за предноста на европската диплома, за работата на студентите и за вработувањето на дипломците;
  3. за популарноста на учебните програми, за организацијата на учебниот процес, за високиот квалитет на обуката и за нејзината ориентација кон практиката, за студентските погодности и бонуси;
  4. за роковите и за особеностите на уписната кампања за 2019/2020 учебна година.

По завршувањето на презентацијата нашиот специјалист одговараше на прашањата на учесниците на семинарот. Гостите најмногу се интересираа за темата за јазичните курсеви, за условите за живеење во студентските домови, а исто така нѐ прашуваа и за тоа каков вид помош можеме да им понудиме ние на нашите клиенти.

Photo: © 2TM d.o.o.

Уште еднаш ве потсетуваме дека на 12 февруари на високообразовните  институции и колеџи во Словенија започнува првиот приемен рок. За гарантирано запишување на програмата што ве интересира ве советуваме да не одложувате со поднесувањето документи за последниот ден, ами веднаш да се вклучите во процесот на уписната кампања и да започнете со работа со 2ТМ уште сега. Во тој случај ќе имаме доволно време за да спроведеме оценка на вашите можности, заедно со вас да ја избереме учебната програма и да ги оформиме потребните документи како што треба.

За најголемиот број програми во Словенија не постојат приемни испити, па затоа на почетната етапа на запишувањето доволно е само да се поднесат пријавата и потребните документи. На тој начин оние што се на последните години од училиштата и од колеџите веќе можат да се запишат, без да го дочекаат крајот на учебната година.

За сите прашања кои се однесуваат на запишувањата во словенечките образовни институции обратете се на нашите менаџери. Со задоволство ќе ви помогнеме!