Недела на Универзитетот во Љубљана 2018 година

99 годишината од постоењето на Универзитетот во Љубљана ќе се одбележи со „Недела на Универзитетот“, кој оваа година ќе се одржи од 3-ти до 13-ти декември 2018г.

Свечената недела ќе започне со претставување на најрелевантните истражувачки достигнувања на Универзитетот во Љубљана (UL) во изминатата година и поделба на признанија на нејзините стручни соработници.

Во вторник на 4-ти декември 2018 година, ќе се одржи свечена седница на Сенатот на Универзитетот во Љубљана, кој претставува главен настан на „Неделата на Универзитетот“. На неа ќе учествуваат видни претставници на словенечките културни, образовни, научни институции, претставници од економијата, владата, параламентот, ректори од странство итн. На свечената седница ќе бидат поделени називите почесен доктор и почесен сенатор, златни плакети и свечени  признанија на младите високообразовни учители и соработници.

Во среда, на 5-ти декември 2018 година, на студентите ќе им бидат поделени универзитетските Прешернови награди, како и свечени признанија за најдобри студиски достигнувања.

„Неделата на Универзитетот“ во четврток на 6-ти декември 2018 година, ќе заврши со поделувањето на називот заслужен професор на Универзитетот во Љубљана и признанија на студентите за достигнувањата и  напорите во наставните активности надвор од универзитетот.

Истовремено со главната програма на „Неделата на Универзитетот“ ќе се одржат и други настани во организација на членките на Универзитетот на Љубљана. Листата на настани на ректоратот и на членките можете да ја погледнете тука.

Извор: uni-lj.si