Неколку илјади вработени во Горење повторно на работа

Работата во производството од вчера е повторно во тек, но со прилагоден режим и со заштитните мерки кои се воведени уште од јануари 2020.

Вработените од Горење вчера се вратија на работа, а производството продолжува и во фабриките во Чешка и Србија. Како што известија од компанијата, повторно започнаа со работа во сите фабрики, но со прилагоден режим. Поради понискиот обем на дневно производство, неделава дома се останати 429 од 3.021 вработени во Горење, кои не работат и чекаат на работа поради деловни причини, поради неопходна грижа за децата и/или укинување на јавниот превоз.

Уште во јануари во Горење се воведоа строги заштитини мерки кои се уште важат. Се дезинфицираат работните површини најмалку два пати дневно, како и просториите за состаноци кои се во употреба. Уште во јануари 2020 беа забранети сите патувања во Кина или од неа, а беа забранети и сите останати неитни службени патувања. Во компаниите имаат доволно средства за дезинфекција.

Пред да влезат во фирмата на вработените им се мери температура, во мензата важи посебен режим при кој само двајца можат да седат на иста маса и притоа не седат еден наспроти друг. Вработените во канцелариите не одат во мензата туку го добиваат јадењето во канцеларија. Во сите работни простории на Горење вработените мораат да носат заштитни маски, да водат соодветна хигиена на рацете и на кашлањето, како и хигиена на работното место. Наместо состаноци, на вработените им се препорачуваат скајп и телефонски конференции.

Извор: delo.si