Неодамна е пуштен во употреба официјалниот регистер на податоци за вработени студенти, којшто ќе им помогне на дипломираните студенти со вработувањето

Од 10-ти февруари 2020 година во Република Словенија е пуштена во употреба веб страната EDI – официјалниот регистер на податоци за вработени студенти, каде што се наведени професионалното искуство и компетенциите, со коишто се стекнале студентите за време на работењето. Веб страната е разработена од Студентската организација на Република Словенија со финансиска поддршка на Европскиот социјален фонд и Република Словенија. Благодарение на овој проект сите податоци за вработените студенти во земјата се достапни на едно место, независно од тоа, кој е работодавачот и со помош на кој студентски сервис биле склучени работните односи. На веб страната се наведени податоците на студентите, започнувајќи од јуни 2019 година. Рокот на чување на податоците на секој вработен студент е 15 години од моментот на завршување на работните односи. Овој регистер постојано се пополнува.

Оваа веб страна може да ја користи секој вработен студент во земјата, внесувајќи го својот единствен матичен број (EMŠO) и даночниот број. Корисникот на веб страната може да данлоудира податоци од регистерот и да ги додаде на своето резиме како официјален документ, којшто го потврдува работното искуство за време на студирањето. Овој документ му се доставува на работодавачот при потрагата по првото работно место.

Извори: student.si, e-di.si